Франција започна голема операција за спроведување на законот во Нова Каледонија

Франција во неделата започна голема операција за спроведување на законот во јужниот пацифички архипелаг Нова Каледонија за да го расчисти патот до аеродромот, по немирите против изборните реформи во кои загинаа шест лица во француската прекуморска територија.

Оваа операција „со повеќе од 600 жандарми“ има цел „да ја врати целосната контрола на 60-те километри од главниот пат меѓу Нуме и аеродромот“, објави францускиот министер за внатрешни работи Жерал Дарманен во пораката на X.

Операцијата, меѓу другото, беше започната откако Нов Зеланд побара од Франција да обезбеди аеродром за ги вратил своите државјани од архипелагот.

„Подготвени сме да полетаме и чекаме одобрение од француските власти“, изјави министерот за надворешни работи на Нов Зеланд, Винстон Петерс.

Бидејќи летовите до и од Нова Каледонија беа прекинати од вторникот, владата на архипелагот во саботата процени дека околу 3.200 луѓе се блокирани на аеродромот.