Франција: 70.500 барања за азил во 2016 година

Во 2016 година во Франција беа регистрирани 70.500 барања на азил, јавува дописникот на МИА од Париз.

Во текот на годинава, бројот на барателите се зголемил за 13 отсто во споредба со истиот период од 2015. Сепак, и покрај зголемувањето на бројот на барателите, се чувствува забавување во барањата во споредба со лани, соопшти француското биро за заштита на бегалците (ОФПРА).

За споредба, според ОФПРА ланската година за периодот од јануари до октомври имаше 20 проценти повеќе барања. Намалувањето се должи и се објаснува со склучениот договор ЕУ-Турција.

Во 2015 година имаше 23,6 отсто повеќе барања на азил во споредба со претходната, односно 80.000 барања. Годинава се очекуваат 90.000 барања. Но бројките можат да се променат со оглед на евакуацијата на џунглата во Кале.