
По експлозиите во болницата се појавил пожар, а на социјалните мрежи и првите фотографии од немилиот настан.
Локалните власти предупредуваат луѓето да го избегнуваат подрачјето околу болницата за да не им пречат на спасувачките служби.
Како што пренесуваат француските медиуми, во болницата експлодирале две боци со гас. Неколку пожарникарски возила се на лице место, а локалните медиуми јавуваат дека на неколку метри од болницата се пронајдени плински боци за кои се претпоставува дека се причина за експлозиите.
Боците биле полни со ацетилен – гас кој се користи како гориво. Медиумите наведуваат и дека експлозиите се случиле во зградата на болницата каде се наоѓала пералната.