Франција го повлече својот амбасадор во Рим на консултации по, како што наведува официјален Париз, неоснованите и повтгорени напади од италијанскиет политички челници изминатите месеци.
Овој дипломатски потег, кој очигледно зборува за крајно влошените односи меѓу двете земји членки на Европската унија, доаѓа два дена откако италијанскиот вицепремиер Луиџи Ди Мајо престојуваше во Париз на средба со претставници на движњето Жолти елеци, кои протестираат против владата на Емануел Макрон.
Претходно изминатите неколку месеци односите меѓу Италија и Франција се затегнаа откако претставниците на италијанската влада, која ја сочинуваат десната партија Лига и европскептичното и антиестаблишмент Движење пет ѕвезди, остро го критикуваа францускиот претседател Емануел Макрон кој го критикува Рим за неговиот однос кон имигрантите, нарекувајќи го лицемер бидејќи Франција не преземала ниеден барател на азил.
„Франција и Италија ги обединува заедничка историја, споделуваат иста судбина. Заедно ја градеа обединета Европа и работат во името на мирот. Франција е длабоко приврзана на овие пријателски односи кои се негуваат зоработката во сите области и ги зближуваат нашите надори. Француско-италијанското пријателство како никоша досега има потреба од решение на предизвиците со кои се соочуваме во XXI век“, се наведува во писмената изјава на француското министерство за надворешни работи.
Во соопштението се додава и дека нападите од Италија се без преседан од Втората светска војна.
„Несогласувањата се една работа, но манипулирањето со односите за изборни цели е сосема нешто друго. Сите потези создаваат сериозна ситуација во којашто се наметнува прашањето за намерите на италијанската влада кон Франција“, истакнува официјален Париз.
се истакнува дека „во текот не колку месеци Франција станама објект на постојани обвинувања, неосновани напади и навредливи изјави“. „Последното мешање претставува дополнителна и неприфатлива провокација“, предупредува француската дипломатија и порачува дека „тие го кршат почитувањето на демократскиот избор на пријателскиот народ.
„Во врска со оваа ситуација без преседан, француските власти одлучија да го повлечат на консултации амбасадорот на Франција во Италија. Франција ја повикува Италија да дејствува во името на враќање на односите кои почиваат на заемно пријателство и почитување“, се заклучува во соопштението.