– Гледам дека и тој е жртва на масовната кампања на дезинформации спроведена од страна на фундаменталистите, рече изутринава Вало-Белкакем за јавниот радио сервис Франс Интер.
– Му препорачувам на папата при едно од претстојните патувања во Франција да дојде и да има средба со наставници од француските училишта и да ги пролиста самиот овие учебници и овие програми и да ми објасни како таму има родова теорија, која не постои ниту на едно место во овие книги, додаде таа.
Според министерката, во француските програми се зборува за потребата да не се даде хиерархија меѓу половите, туку за борба против насилството врз жените, против сексизмот, против половото малтретирање кое предизвикува многу жртви. – Денес многу млади девојки не знаат како да реагираат на овие прашања, по што тие завршуваат со удар по нивните животи, рече министерката.
– За толку сериозни работи, како овие кои ги имаме денес, интегристите се способни да понесат со себе и лица вклучувајќи го и папата во нивното лудило. Мене тоа ме прави многу лута. Искрено, тоа не е тема за смеење, нагласи Наџат Вало-Белкакем.