Француската министерка за одбрана Флоренс Парли на својот официјален профил на Твитер објави кратко видео на кое е прикажан почетокот на нападот кој минатата ноќ под водство на САД во соработка со Велика Британија, се изведени во Сирија.
На снимката може да се слушне одбројување, а потоа се зпаочнува со лансирање на проектилите од една од сојузничките флоти стационирани во Средоземното море.
Според податоците на американската војска, нападите имале три цели, две на подрачјето на Хомс и една во Дамаск, а се се поврзува со програмата за хемиско оружје на сирискиот претседател Башар ал-Асад, кој пред неколку години вети дека ќе ја уништи целата залоха на боени отрови, но Западот го обвинува дека тоа не го направил.
Tir d’un missile de croisière naval depuis une de nos frégates multimissions cette nuit en Méditerranée. Objectif : un site de production d’armes chimiques du régime syrien. pic.twitter.com/A4hO0EtkvQ
— Florence Parly (@florence_parly) April 14, 2018