Францускиот претседател, Франсоа Оланд, рекол дека 700 лица ја напуштиле Франција и заминале да се борат во Сирија, како и дека властите мора да ги заострат мерките против терористичката мрежа во Франција.
Оланд ја истакнал потребата за мирно решавање на граѓанската војна во Сирија, нагласувајќи дека 700 млади Французи заминале во Сирија, што е многу повеќе од претходно.
Француските власти, кои стравуваат дека тие би можеле да организираат напади по нивното враќање во земјата, треба да се борат против терористичката мрежа и поединци кои делуваат во земјата.