Фудбалските селекции на Франција и на Хрватска во неделата попладнет на московскиот стадион „Лужники“ ќе играат во финалето на Светското фудбалско првенство во Русија, што ќе биде можност за „Триколорите“ по вторпат да се качат на тронот, а „Коцкестите“ да предизвикаат фудбалски протест освојувајќи на првата мундијалска титула.
Франција во мечот влегува како фаворит, и поради позвучните имиња, и поради поодморените фудбалери, за разлика од хрватските кои до финалето одиграа три натпревара на продолженија.
Сепак, „коцкестите“ најавија реванш за поразот од „Триколорите“ во 1998 кога Франција беше домаќин на мундијалот и победи во меѓусебниот дуел во полуфиналето, а подоцно стана и шампион.
„Не ме интересира статистиката и не ми е грижа со кого играме. Стигнавме до финале и ќе дадеме сѐ од себе. Целиот свет ја гледа Хрватска и мнозинството навива за нас. Одиме да одиграме фајтерски“, изјави селекторот Златко Далиќ.
Од друга страна, Франција ја „брка“ втората титула светски првак.
„Пред две години во финалето на ЕП загубивме од Португалија, но тогаш имавме поинаков пристап. Финалето на Мундијалот е единствено искуство и екипите имаат различен пристап. Три збора се доволни – позитивност, концентрација и самодоверба“, изјави францускиот селектор Дидие Дешан.