Француската полиција се судри со Жолтите елеци, досега уапсени над 100 луѓе

(AP Photo/Kamil Zihnioglu)

Француската полиција употреби солзавец и уапсила 106 лица во саботата во обидот да растера група од демонстрантите од неформалното граѓанско движење Жолти елеци кои сакале да одржат протестен собир во центарот на Париз за кој според властите не било дадено одобрување.

Според објавата на Twitter на префектурата на полицијата на француската престолнина, силите за спроведување на редот уапсил 106 лица и казниле уште 104 луѓе. Притоа, стотица лица биле принудени да се повлечат, а кои сакале да се соберат на Елисејските полиња,.

Мобилизирани се околу 7.500 полициски службеници, а во некои квартови и на Елисејските полиња е забранет пристапот. Затворени се истовремено и повеќе од 30 станици на подземната железница кои гравитираат кон центарот на Париз.

Жолтите етици го одржуваат 45-от саботен протест, настојувајќи да го зголемат бројот на учесници во демоснтрациите кои понекогаш завршуваат и со судири со полицијата. Движењето се појави во Франција на 17-ти ноември 2018 година, и првично протестираше против најавеното големо покачување на цените на горивата за автомобилите, а со текот на врмето нивните манифестации прераснаа во израз на општо незадоволство на начинот на кој владата на претседателот Емануел Макрон ја води земјата. Првата акција на движењето мобилизираше 282.000 демонстранти, но постепено со текот на времето одѕивот се намалуваше.