Француската министерка за спорт Амели Уде-Кастера повика на „најстроги санкции“ против играчот од средниот ред на Монако, Мохамед Камара и неговиот клуб, откако тој го покри ЛГБТК логото на неговиот дрес со бела лента за време на натпреварот против Нант.
Репрезентативецот на Мали со бела лента го покри логото на ЛГБТК на предниот дел од дресот, а пред натпреварот одби да се фотографира со останатите играчи на Монако и Нант зад транспарент со поддршка на Меѓународниот ден против хомофобијата, бифобијата, интерфобијата и трансфобијата….
„Таквото однесување е неприфатливо“, изјави министерот Уде-Кастер за француското радио RTL. „Таквото однесување мора да биде соочено со најстроги санкции и за играчот и за неговиот клуб што му дозволил да го стори тоа“, додаде таа.
Тренерот на Монако, Ади Утер, исто така, го коментираше потегот на Камара.
„Најпрвин би сакал да кажам дека ние како клуб ја поддржуваме акцијата што ја организира лигата. Од негова страна тоа беше лична иницијатива. За оваа ситуација ќе се разговара внатре со него. Нема да коментирам повеќе“, изјави австрискиот фидбалски стручњак.
Монако оваа сезона заврши на второто место во Лига 1, зад Пари Сен Жермен и се пласираше во групната фаза од Лигата на шампионите.