Француската армија го убила шефот на Ал Каеда за северна Африка

Француските сили го убиле шефот на Ал Каеда за северна Африка Абделмалек Друкдел во северниот дел на Мали, соопшти министерката за одбрана Флоранс Парли.

– Француските вооружени сили, со поддршка на нивните локални партнери, на 3 јуни го убија шефот на Ал Каеда за исламскиот Магреб, Абделмалек Друкдел, за време на операцијата во северниот дел на Мали, напиша таа на Твитер.