При контрола на брз воз Те-Же-Ве на линијата Париз-Цирих, француските цариници запленија повеќе од 600.000, кои ги носела жена со српско државјаснтво, јави дописникот на МИА од Париз.
Судската постапка против неа и е доверена на Националната судска царинска служба (СНДЈ) од Лион од страна на Меѓурегионална специјализирана праводсудна инстанца (ЈИРС).
Жената која патувала сама, изјавила дека „нема ништо да пријави и дека си оди дома во Париз, по посетата на семејството во Цирих“, соопшти царината.
Заинтригирани од „абнормалната дебелина под нејизната облека“, цариниците ја одвеле во локалната служба за понатамошна контрола.
При контролата е откриен значителен износ на банкноти во евра и долари скриени под нејзиниот џемпер. Цариниците пронашле 600 илјади евра во апоени од 50, 100 и 200 евра, 20.000 американски долари и 14.000 швајцарски франци.
Покрај кривичното дело злоупотреба на обврската за пријавување на личната и финансиска состојба на лицето, жената е осомничена и за обид за перење на пари.