![едф](https://i0.wp.com/netpress.com.mk/wp-content/uploads/2022/11/edf.jpg?resize=607%2C341&ssl=1)
Француската ЕДФ минатата среда откри радиоактивно истекување во примарното коло за ладење во нуклеарната централа Сиво, објави компанијата, додавајќи дека нема безбедносен ризик.
Истекувањето се случи во реакторот 1 на електраната Сиво, но не е измерена радиоактивност надвор од неа.
Тој инцидент може да го одложи рестартирањето на реакторот планирано за 8 јануари, изјави денеска извор запознат со ситуацијата.
Нуклеарната централа се наоѓа на околу 40 километри југоисточно од Поатје, град на западот на Франција.