![ZAn Luk Melanson](https://i0.wp.com/netpress.com.mk/wp-content/uploads/2024/07/ZAn-Luk-Melanson.webp?resize=696%2C464&ssl=1)
Набрзина формираната левичарска коалиција Нов народен фронт (NFP), која победи на парламентарните избори во Франција, се соочува со тест на единство околу прашањето кој би можел да стане премиер доколку формира влада.
Крајно левичарската партија Непокорена Франиција (La France Insoumise – FI) ги суспендираше консултациите за формирање влада, бидејќи не може да се договори со централно-левичарските социјалисти за назначување заеднички кандидат за премиер.
„Сѐ додека социјалистите инсистираат на свој кандидат и ставаат вето на кандидатите од Непокорена Франција, консултациите за формирање влада ќе останат запрени“, соопштија во понеделникот од партијата на Жан-Лук Меланшон.
Партијата ги обвини социјалистите за „политичка блокада“.
Основачот и челник на партијата Жан-Лук Меланшон рече дека додека не се договорат за заеднички кандидати за највисоките позиции во парламентот, неговата партија нема да продолжи со „дискусиите за ништо друго“.
Левичарскиот сојуз, кој ги вклучува и Зелените и комунистите, всушност сакаше да одлучи кој ќе биде премиер доколку дојде на власт уште на крајот од минатата седмица.
Социјалистите го номинираа нивниот партиски челник Оливие Форе за свој кандидат. Непокорена Франција размислува за Меланшон, но тој е непопуларен избор дури и во рамките на сопствената партија поради неговиот автократски и полемички стил.
На краток рок, спорот во левичарскиот сојуз би можел да ои во полза на претседателот Емануел Макрон, бидејќи тој веројатно нема на понделемниот левичарски табор да му го довери формирањето влада.