Француската левица во Парламентот ќе подаде барање за гласање на недоверба на Владата на претседателот на Емануел Макрон, пренесува Асошиејтед прес.
Француската социјалистичка партија, крајнолевата партија „Непокорна Франција“ и Француската комунистичка партија и покрај меѓусебните разлики и конфликти ветија дека барањето ќе го поднесат в понеделник во Националното Собрание.
Трите партии немаат доволно гласови да ја „срушат“ Владата, бидејќи партијата на Макрон, „Републиката, напред!“ има солидно мнозинство во Долниот дом, кој брои 577 пратеници.
Иницијативата на левицата е најновиот удар за Макрон, чија власт е значително ослабена по неколку неделните протести на „жолтите елеци“.