Француската министерка за култура на лекување од Covid-19 со кислород

Француската министерка за култура Роселин Башело, заболена од Covid-19, се наоѓа на лекување со засилена терапија со куслород, објави во четвртокот самата на Twitter.

Седумдесет ичетиригодишната Башело во саботата објави дека е позитивна на коронавирусот откако забележала респираторни симптоми, а пота во средата беше објевено дека министерката е хоспитализирана,

Во твитот од четвртоток таа наведвуа дека за неа „се грижи извонреден персонал и добива засилена терапија со кислород“.

Роселин Башело е втората членка на француската влада која заболе од коронавирусот и е хоспитализираниа. Претходно со Covid-19 беше дијагностицирана министерката за труд 59-годишната Елизабет Борне која во средата излезе од болница во парискиот регион.

Башело, којашто е поранешна министерка за здравство, на 17-ти март ја примила првата доза од вакцината против коронавирусот и по само три дена објави дека е инфицирана.

На чело на сегашниот ресор беше именувана ланскиот јули кога го наследи Франк Риестер, кој исто така беше заразен со коронавирусот пред една година.

Башело по преземањето на министерството мораше да се соочи со последиците од здравствената криза во културата, бидејќи од 30-ти октомври минатата година целосно се затворени сите музеи, театри и кино-сали, што предизвикува континуирани протести и жестоки критики.