Француската полиција го „неутрализирала“ поранешниот војник по кој трагаше

Вооружениот поранешен војник по кој полицијата трагаше од ноќта кон неделата на југозападот на Франција уапсен е во понеделникот и ранет во текот на приведувањето, објави на Twitter францускиот министер за надворешни работи Жералд Дарманен.

Мажот е „неутрализиран“, напиша министерот Дерманен, честититајќи им на припаднциите на безбедносните сили, а „во прв ред на интервентната единица“ на нивната „решителна акција“.

Поранешниот војник, за кој претходно беше информирано дека бил вооружен со оружје од голем калибар, бил „ранет со истрели од огнено оружје“, соопштиле за AFP извори блиски на истрагата.

Интервентната полиција од Тулуз и Сатори, во париската околина, со повеќе од 300 припадници на жандармеријата и тимови со кучиња трагачи, со поддршка на седум оклопни возила и седум хеликоптери се обидуваа да го пронајдат 29-годишниот маж кој се сокрил во непристапен шумски и стрмен терен од околу четири квадратни километри.

Драмата започна ноќта кон неделата во општината Ларден-Сен-Лазаре, во префектурата Дордоња. Мажот, кој веќе четири пати бил осудуван за семејно насилство кон поранешната партнерка, мајка на неговите три деца, дошол околу полноќ во нејзиниот дом и ги нападнал нејзиниот нов партнер.

Кога полицијата стасала на дојава на соседите, поранешниот војник отворил оган врз нивните возила и се сокрил во шумата. Неговата поранешна партнерка и трите деца минале без повреди и се ставен под силна заштита на жандермеријата.

Извор запознаен со истрагата наведува дека осомничениот е поранешен војник кој во војската служел од 2011 до 2016 година и бил дициплински казнуван.