Француската полиција испразнила мигрантски камп северно од Париз и ислелиа околу две илјади луѓе кои таму живееле во „очајни услови“, објави на Twitter во вторникот министерот за внатрешни работи Жерал Дарманен.
Иселувањето на импровизираниот камп близу францускиот национален стадион „Стад де Франс“ започнало рано утрото, а за луѓето кои морало д бидат иселени од таму ќе биде пројдено ново сместување, соопштија локалните власти.
Во изминатиот неколкугодишен период француската полиција рачисти десетици вакви локации околу Париз. Меѓутоа, случни кампови кои поради немањето никакви хигиенски услови во нив претставуваат расадници на болести, одново се поставуваат и се полнат со мигранти.
Дневниот весник Le Parisien пишува дека споменатиот камп во близина на „Стад де Франс“, еден од симболите на француската престолнина, бил поставен во август. Весникот, исто така, наведува дека во кампто имало главно мажи од Авганистан, Судан, Етиопија и Сомалија.
Хуманитарните организации, пак, велат дека имало и семејства со деца, но не наведуваат кои активности тие ги преземале за згрижување на овие лица. За овие организации преселувањата се „само симболичен политички потег“ кој не го решава проблемите на миграциските политики.
Француските власти и претходно предупредуваа дека нема доволно објекти за трајно сместување на мигрантите коишто изминатите повеќе од шест години ја преплавија Франција.