Француската полиција откри 60 мртви мачки во ладилник и тегли за цвеќе

Француската полиција открила 60 мртви мачки сокриени во ладилник и во тегли за цвеќе во поранешен дом на двајца ментални пациенти, пренесуваат во саботата локалните медиуми.

Мачките не биле злоставувани, покажала обдукцијата. Телата им биле замотани во платнени пелени и пешкири, пренесува France Info.

Двете лица кон средината на мај биле иселени од зграда во местото Белегар-ан-Форез крај Лион, бидејќи не ја плаќале киријата. Во тоа време имале две кучиња и триесеттина мачки во станот во кој условите не биле хигиенски.