Француската полиција во петокот вечерта го убила напаѓачот кој со ладно оружје претходно усмрти маж во предградие на Париз, пренесуваат медиумите повикувајќи се на полициски избори.
Околу 18 часот по македонско време, како што соопшти полицијата во гратчето Конфлан-Сен-Онорен, во департманот Ивелин во регионот Ил-де-Фанс, било пронајдено обезглавено тело на маж, недалеку од училиште. Според извори од правосудните органи на телевизијата BFM TV, жртвата е наставник во средно училиште, а осомниечниот напаѓач е родител на еден од неговите ученици. Според првичните сознанија, гневот кај напаѓачот го предизвикало предавањето на наставникот за слободата на говорот при што покажувал карикатиру на пророкот Мухамед, што во муслиманскиот свет се смета за најголема навреда на Алах.
Во прилогот се наведува и дека полицијата го пронашла осомничениот во општината Вал-д’Уаз, на околу двесте метри од местото каде што е најдено безживотното тело и отворила оган кон него откако им се заканил со нож. Инциденетот засега го преземало обвинителството на тероризам, бидејќи според очевидци осомничениот при нападот извикувал „Алаху Акбар“ (Господ е голем), што при своите напади го извикуваат екстремните исламисти.
На местото на инцидентот пристигнал францускиот премиер Жан Кастекс и шефот на антитерористичкото обвинителство Жан-Франсоа Рикар. Истоврменно министерот за внатрешни работи ја прекина својата посета на Мароко и објави дека итно се враќа во Париз.
На местото на инцидентот и натаму вечерта полицијата го блокираше регионот, а на локалното население ми е препорачано да го избегнува периметарот.