Францускиот премиер Едуар Филип ќе го запре зголемувањето на даноците за гориво, оние што предизвикаа големи немири низ целата земја, објави Франс прес цитирајќи извори од владата.
Француската влада официјално ја откажа денешната средба со демонстрантите од „Жолти елеци“, објави Франс 24.
Францускиот лидер Емануел Макрон се соочи со зголемен притисок во понеделникот, за да најде излез од најдлабоката криза откако е претседател: протестите за даноците ги предизвикаа најголемите немири во Париз во последниве децении.
Статуата на Маријана, симбол во Франција, беше вандализирана во внатрешноста на Триумфалната капија
Додека десетици луѓе беа изведени пред суд поради судирите во саботата, премиерот Едуар Филип се состана со министрите и со шефовите на главните опозициски партии, на разговори околу начините за решавање на тензиите.
За денеска беше закажан состанок со некои умерени членови на движењето, кое две недели демонстрира на национално ниво поради данокот на гориво и зголемените трошоци за живот.
Но во понеделникот, претставниците на „Жолти елеци“, кои подадоа рака за дијалог по немирите во Париз, рекоа дека одлучиле да не присуствуваат на разговорите со Филип од „безбедносни причини“.
Жаклин Муро и Бенџамин Коши, двајца од лидерите на протестите, за АФП рекле дека добиле закани од тврдокорните демонстранти, кои ги предупредија да не преговараат со владата.
Short summary what’s going on in #France #YellowVest #YellowJackets #GiletsJaunesParis #giletsjaunes #FranceProtests #ParisProtest #Paris
— Happening Now (@HappeningNow__) December 4, 2018