Француски доктори упатија апел до граѓаните да избегнуваат да разговараат во јавниот превоз, со цел да се намали ризикот од ширење на ковид-19.
– Покрај задолжителното носење на заштитни маски, кога физичката дистанца не е можна, треба да се придржувате кон едно едноставно правило: да се избегнуваат разговори и телефонирања во средствата за јавен превоз – апелираат француските доктори.
Францускиот академик Патрик Берж истакна дека „не станува збор за обврска, туку за препорака“.