Францускиот филмски фестивал ќе започне на 18 јуни и ќе трае до 22 јуни во скопските кина „Милениум“, „Фросина“ и „Кинотеката на Македонија“, како и во Центарот за култура „ Григор Прличев “во Охрид. На него ќе бидат бидат присутни еминентни гости од Франција и ќе бидат прикажани најновите остварувања од француската кинематографија.Предвидено е да се прикажат 9 долгометражни, 4 краткометражни и еден документарен филм. Фестивалските денови ќе ги затвори актуелниот филмски хит „96 часа“ на режисерот Фредерик Шендорфер, кому ќе му биде доделена Златна маска за животно дело.
Овој фестивал се одржува во организација на Францускиот Институт во Скопје, а со поддршка на Министерството за култура.Фестивалот на францускиот филм е централна француска културна манифестација во Македонија, но и прва културна странска манифестација во земјата.
На овој фестивал нашата публика ќе има исклучителна можност да ги види најновите филмски остварувања од француската кинематографија, која важи за една од најплодните, европски кинематографии која ја карактеризира високо ниво на естетика, професионалност и културни вредности.Фра