Француски истражители стигнаа во Украина, започнува истрага за воени злосторства

Францускиот амбасадор во Украина Етјен де Понсинс објави слика од Лавов на која се прикажани тимови кои пристигнале од Франција за да им помогнат на локалните власти да ги истражат воените злосторства, пишува Блиц.рс.

Тој на Твитер објави дека тим полициски истражители дошол да им помогне на своите украински колеги „во истрагата за воените злосторства извршени околу Киев“.

„Франција беше првата што обезбеди таква помош. Ќе почнеме со работа утре. Солидарност“, напиша тој на Твитер.

Германската министерка за надворешни работи Аналена Бербок, пак, гледа огромни  индиции за воени злосторства во Украина.
– Имаме огромни индиции за воени злосторства. На крајот ќе треба да одлучат судовите, но за нас е најважно да ги обезбедиме сите докази – изјави таа за новинарите пред средбата со колегите, европски министри во Луксембург.
Додаде дека, како германска федерална влада, веќе јасно е ставено до знаење дека ќе има целосно укинување на фосилните горива, почнувајќи од јагленот, потоа нафтата и гасот, а за да може тоа заеднички да се спроведе во Европската унија, потребна ни е заеднички, координиран план за целосно укинување на фосилните горива – додаде таа.