Франција нема да се врати во состојбата пред коронавирусот до следната есен, бидејќи за вакцинирање на населението ќе биде потребно повеќе време отколку што претходно се предвидуваше, предупреди во петокот научниот советник на француската влада, Жан-Франсоа Делфрези.
„Вакцините се голем извор на надеж, но кога ќе ги видите капацитетите за вакцинирање во Франција и во Европа, сфаќате дека ќе ни биде потребно повеќе време“, изјави Дефрези за телевизискиот канал BFMTV.
„Производството на вакцини ќе биде побавно отколку што се мислеше пред две или три седмици. Нема да има недостиг од вакцини, но ќе се добиваат во подолг временски период“, додаде Делфрези.
Според неговата процена, во Франција има 22 милиони ранливи жители и дека тие ќе бидат вакцинирани до мај, а потоа вакцината ќе ја примаат и другите жители.
Запрашан дали тоа значи дека Французите и натаму ќе бидат под рестриктивните мерки до есената 2021 година, Делфрези одговори лаконски „горе-долу“.
„Имаме вирус кој продолжува да циркулира силно, а само што излегуваме од второто затворање“, додаде имунологот кој е воедно и висок научен советник на француската влада.
Французите американско-германската вакцина на тандемот „Pfizer/ BioNTech“ ќе почнат да ја добиват во последната седмица од декември, откако Европската унија ја одобри минатата седмица, најави во средата премиерот Жан Кастекс.
Франција во последните 24 часа забележа новио 18.254 сличаи на зараза со короанвирусот,а според бројот на заразените од почетокот на пандемијата е на петтото место во светот, со 2.42 милиони случаи. Земјата бележи и вкупно речиси 60.000 починатини од компликации со Covid-19.