Францускиот пензионер Жан-Жак Савен во средата тргнал на необично патување преку Атлантикот во портокалова капсула во форма на бочва, користејќи ги како погон морските струи.
Седумдесет и едногодишниот Савен тргнал од Ел-Иеро на шпанските Канарски острови и се надева дека ќе дојде до Карибите за три месеца. Во капсулата има кревет, кујна и долап со храна и пијалаци. Попатно ќе испушта ознаки, за да им помогне на океанографите од меѓународната поморска опсерваторија JCOMMOPS да ги проучуваат морските струи во Атлантикот.
„Времето е одлично. Брановите се високи еден метар, а се движам со брзина од два до три километра на час… Засега капсулата функционира добро, многу добро и прогнозата за ветрот е поволна до недела“, изјавил во четвртокот телефонски за AFP.
Савен е поранешен воен падобранец, а работел и како пилот во Африка и аѓутант на афикански команданти и како чувар на парк. Верува дека морските струи ќе ја однесат неговата бочва 4.500 километри до Карибите.
„Можеби Барбадос, иако навистина би сакал тоа да бидат француските острови како Мартиник или Гуадалупе. Тоа би било поедноставно за ’папирологијата’ и враќањето на бочвата назад“, се пошегувал Совен.
Бочвата е цилиндрична капсула долга три а широка малку повеќе од два метра и маса од 450 килограми, а прозорец се наоѓа на подот. Во „шпаизот“ има од јадењето „фоа гра“ и шише бело вино „Сотерн“ за Нова година. Совен, исто така, има и шише црно вино да да го прослави својот 72-ри роденден на 14-ти јануари.
Подготовката за патешествието ја изведувал неколку месеци во бродоградилотата во Арес, во југозападниот департман Жиронд, Препловувањето на Атлантикот го спонзорира локалната бочварска „Boutles“. Истовремено Совен успеал да добие дополнителни 60.000 евра благодарение на донации преку интернет од обични луѓе.