Француски ракометен репрезентативец избоден со нож

Францускиот ракометар 23-годишниот Елоим Пранди, кој е повикан на репрезентативните подготовки за европското првенство подоцна годинава, избоден е во новогодишната ноќ но е надвор од животна опасност, обајви неговиот клуб Пари Сен Жермен во саботата.

„Елоим Пранди беше жртва на насилен напад синоќа во Париз и се здоби со неколку убоди со нож. Играчот моментално е на набљудување во болница и неговата состоја не предизвикува загриженост“, стои во соопштението на ПСЖ без повеќе поединости за околностите во врска со самиот инцидент.

Левиот надворешен играч со 10 настапи за француската селекција бепе сигурен патник на европското првенство од 13-ти до 30-ти јануари во Унгарија и Словачка, а не беше на првите подготовку поради позитивен тест на Covid-19.

Тој се придружи на долгата листа изостаници кај „Триколорите“ на која се и Томоти Н’Гесан, Недим Ремили и Лука Карабатиќ, додека Никола Карабатиќ е заразен со коронавирусот.

Франција на континенталното првенство е во група со Хрватска, Србија и Украина.