Француски средношколец планирал масакр во џамија и гимназија

Деветнаесетгодишен ученик во лицеј во Франција имал намера да застрела што поголем број луѓе во џамија и во образовна институција во депарманот Сена-Приморје (Seine-Maritime), објави во саботата вечерта електронското издание на дневниот весник Le Parisien.

„Одам во лов на луѓе и жеден сум за крв“, напишало во една од своите белешки момчето кој дури и го одредил датумот кога би го извршил масакрот – на 20-ти април 2022 година. Тоа е четири дена пред одржувањето на вториот круг претседателските избори во земјата, но тоа е и датум на годишницата од раѓањето на гераманскиот нацистички лидер Адолф Хитлер. Нејасно е дали е поврзан со неонацистичката сцена.

„Сакам да направам повеќе отколку во Колумбин“, си ветува во белешките момчето кое е идентификувано во информацијата со измислен псевдоним Симон, алудирајќи на пукањето во кое во споменатиот колеџ во САД токму на 20-ти април 1999 година беа убиени 12 ученици и еден наставник.

Според информациите на весникот, ученикот извидувал и го планирал вооруженот напад врз неговиот поранешен лицеј (средно училиште во францускиот образовен систем) и блиската џамија, пред да биде обвинет и уапасен минатиот петок од страна на припадниците на Генералниот директорат за внатрешна безбедност (DGSI).

Во текот на сослушувањето младиот екстремист рекол дека на тој начин сакал да им се одмазди на сочуениците за малтретирањара на кои бил подложен во таа образовна институција.