Највисоката судска истанца во Франција во неделата ѝ наложи на владата во рок од три дена да ја преиспита својата уредба според којашто во црквите може да се собираат најмногу до 30 верници.
Споменатата мерка е несразмерна на ризикот на заразата со коронавирусот, оцени Државниот совет, највисокиот суд во Франција.
Католичките здруженија во петокот ја осудија уредбата на владата со појаснување дека станува збор за „непотребна, несразмерна и дискриминаторска“ мерка.
Државниот совет проценил дека строгото пребројување на 30 верници на литургиите и верските обреди „на многу места ќе резултира со тоа многу верници да не може да присуствуваат оној ден во седмицата кога се одржуваат за нов најважните литургии, иако црквата ќе ги одржува почесто и повеќе“ отколку што е вообичаено.
Конференцијата на бискупите во Франција (CEF) во неделата, по одлуката на Државниот совет, соопшти дека сега проблемот е препознаен. Најави дека нејзините претставници ќе се сретнат со премиерот Жан Кастекс во неделата подоцна вечерта.
Франција во саботата ги ублажи рестриктивните мерки кои се воведени пред речиси еден месец, за да се сузбие епидемијата на коронавирусот. Повторно се отворени продавнциите во кои се продаваат артикли кои не се нужно неопходни во секојдевниот живот, но баровите, рестораните, вежбалните и ноќните клубови остануваат затворени на неодредени време.