Француски TotalEnergies останува во Русија за во Европа да носи течен гас

Главната причина зошто „TotalEnergies“ го задржал својот имот во Русија, и покрај западните санкции, се испораките на течниот гас (LNG), изјави во средата извршниот директор на француската мултинационална енергетска и нафтена компанија и предупреди дека остатокот од свето не го дели мислењето на Западот.

„Нашиот единствен мотив е да се донесе течен гас во Европа“, изјави претседателот и извршен директор на „TotalEnergies“, Патрик Пујан на сослушувањето во францускиот парламент, бранејќи го останувањето на компанијата во Русија.

За разлика од британските ривали BP и „Shell“, француски „TotalEnergies“ ја задржа сопственоста во Русија, вклучително и малцинските удели во произведувачот на течен гас „Novatek“, како и во проектите „Yamal LNG“ и „Arctic LNG 2“.

Челникот на „TotalEnergies“ пред француските пратеници рече и дека остатокот од светот, поточно земјите во Азија и во Африка, не го споделуваат мислењето на Западот за судирот меѓу Русија и Украина.

„Големо мнозинство од остатокот на светот во ниеден случај не го споделува гледиштето на судирот какво што ние го застапуваме во западниот табот“, истакна Пујан,

Кон крајот на октомври „ TotalEnergies“ објави дека во првите девет месеци од годинава од сопственоста во Русија добиле околу 748 милиони долари дивиденди. Приходите им скокнале за 54 отсто, на 199,3 милиони долари. Консолидираната нето добивка пораснала за 69 отсто, на 17,3 милијарди долари.