Повеќе од триста француски војници трагаат во неделата по поранешен припадник на војската кој изминатата ноќ отворил оган врз жандармите во општината Ларден-Сан-Лазар крај градот Дордоња, пренесува телевизијата BFM TV.
Во извештајот се наведува дека вкупно 306 војници со поддршка на хеликоптери се во потера по вооружениот маж. Неговиот идентитет засега не е објавен, но се наведува дека станува збор за поренешен пропадник на војската кој е вооружен со „оружје од голем калибар“.
Префектот на Дородоња, Фредерик Перисат, апелирал на жителите на општината Ларден-Сен-Лазар поради сопствена безбедност да не ги напуштаат домови.
Инцидентот се случил во неделата вечерта, кога жандармите биле повикани во еден дом поради семејно насилство. Вооружениот маж дошол во куќата на неговата поранешна партнерка и го нападнал нејзиниот нов партнер. По пристигнувањето на жандармите на местото на настанот, напаѓачот отворил оган кон нив, а потоа исчезнал во блиската шума.
Жената и нејзините деца се ставени под заштита на жандареријата, се додава во извештајот на телевизијата. Се додава и дека во готовност се ставени уште 200 припадници на жандармеријата.
Станува збор за последниот од низата напади врз полицијата во Франција последните неколку седмици. Во петокот беше застрелан напаѓач кој со нож нападна полицајка во општината Ла Шапел сур Ердре близу Нант во западниот француски департмант Лоара-Атлантик, на 23-ти април полицајка во Рамбује беше убиена во напад со нож во холот на комесаријатот, а на 5-ти мај премиерот Жан Кастекс потврди дека 36-годишен полицаец е убиен во операција за апсење дилери на дрога во југоисточниот град Авињон.