![AFP_1QV5GM](https://i0.wp.com/netpress.com.mk/wp-content/uploads/2020/04/AFP_1QV5GM.jpeg?resize=696%2C391&ssl=1)
Според францускиот Национален институт за статистички и економски студии (INSEE), бруто домашен производ (БДП) на земјата забележал пад од 5,8 отсто во првиот квартал, од годинава, што е најголемиот пад во историјата на кварталните процени на споменатиот економски показател започнати во 1949 година.
Француската економија е официјално е во рецесија и забележа пад од 5,8 отсто во првото тримесечје од 2020 година, особено поради мерките на ограничувања на движењето и социјалните котакти кои се на сила од средината на март, за да се запре ширењето на коронавирусот.
Станува збор за најголемиот пад во историјата на кварталните проценки на БДП започнати во 1949 година и далеку ги надминува падовите во првиот квартал на 2009 година (-1,6 отсто) или во вториот квартал од 1968 година (-5 , 3 отсто), прецизира INSEE.
По падот од 0,1 отсто на францускиот БДП забележан во последниот квартал од минатата 2019 година, се потврдуваат најавувањата на експертите дека земјата влегла во рецесија.
Овој пад на активностите „главно е поврзан со престанокот на не есенцијалните активности во контекст на спроведувањето на ограниченоста од средината на март“, објаснува во својата публикација Националниот институт за статистика.
Процента е во согласност и со проекциите на централнта банка на Франција, објавена на почетокот на април, во која се проценува дека осцилациите на БДП е околу 6 отсто во првиот квартал.
Истовремено, потрошувачката на домаќинствата доживеа „невиден“ пад од 6,1 отсто, додека многу продавници, ресторани и кафулиња беа затворени со одлука на владата, забележува INSEE. Деловните инвестиции забележаа остар пад од -11,8 отсто. Севкупно, домашната побарувачка придонесе со -6,6 поени за пад на БДП во текот на изминатиот квартал.
Првата илустрација на економската криза од почетокот на епидемијата, надворешната трговија исто така беше намалена: -6,5 отсто за извозот и -5,9 отсто за увозот. Таа придонесува негативно (-0,2 процентни поени) за падот на БДП-то. Наспроти тоа, промените во резервите придонеле позитивно, за +0,9 поени.
Инстититот притоа не објавува прогноза за целата 2020 година, но проценува дека секој месец на мерки на ограничување би го намалил францускиот раст за 3-процентни поени во текот на една година и дека заздравувањето „ќе потрае“ по мерките, чие постепено подигање започнува од 11-ти мај.
Владата очекува во овој стадиум очекува пад на БДП-то од минус 8 отсто оваа година.