Францускиот „Конвој на слободата“ тргнува на Брисел

. (Photo by THOMAS LO PRESTI / AFP)

Стотици авомобили, кампер-возила и камиони, кои учествуваат во протестниот конвој против ковид-пропусниците во Париз, се подготвува во понеделникот да замине за Брисел каде што властите ги чекаат со забрана на таквиот протест.

Околу 1.300 возила од цела Франција стасале во близна на францускиот пограничен гран Лил доцна во неделата, според полициските процени.

Протестот е еден од неколкуте светски протести инспирирани од судирот на возачите на камиони со властите во Канада поради мерките за ограничувања воведени во борбата против пандемијата коронавирус.

Паркирани во близна на Лил, демонстрантите вееја француски знамиња и скандараа „Нема да се откажеме“ и „Слобода, слобода“.

„Ќе одиме во Брисел да се обидеме да го блокираме, ќе се бориме против оваа политика на трајна контрола“, вели Жан-Пјер Шмит, невработен 58-годишник кој дошол од Тулуз.

За 45-годишната Сандрен, која дошча од Лион, владиниот одговор на коронокризата открил дека „малку помалку ги губиме своите слободи, на подмолен начин“.

Овој нов „Конвој на слободата“ се формираше откако 97 луѓе беа уапсени во текот на викендот во Париз каде што илјадници демонстранти ѝ пркосат на забраната за обидот да ја блокираат француската престолнина.

Во Франција демонстрантите протестираа против „ковид-пропусниците“ задолжителни за посета на ресторни, кина, театри, музеи и многу други јавно места, што е воведено како дел од емрките на претседателот Емануел Макрон за поттикнување на вакцинацијата.

 

Брисел повикува странските демонстранти да си се жалат дома

Белгиските власти ги забранија сите демонстрации во главниот град „кои вклучуааат моторни возила“ и порачаа дека преземале мерки за да го спречат блокирањето на регионот на главниот град Брисел.

Бриселската полиција објави на социјалните мрежи предупредување дека протитестите со возила се забранети, советувајќи во главниот град да не се патува со автомобили и насочувајќи ги конвоите на паркиралиштата на рабните области на градот како единствено место каде што ќе биде толериран статичен протест.

Некои од учесниците на сличниот протест организиран во холандскиот главен град Хаг, исто така, најавија дека имаат намера да заминат во соседна Белгија.

Белгискиот премиер Александер Де Кро, меѓутоа, ги советуваше сите демонстранти да се откажат од плановите за упатување кон Брисел.

„На оние коишто доаѓаат од странство им порачувам: погледнете ги прописите во Белгија. Никогаш не сме имале прописи кои биле претешки и повеќе ги немаме. Затоа жалете си се дома“, порача премиерот Кро во петокот.

Строги проверки се планирани на блегиската граница, а возилата кои одат во главниот град и покрај забраната, ќе бидат пренасочени, предупредија белгиските власти. Аеродромот во Брисел, исто така, ги советуваше патниците да преземат мерки на претпазливост и да пристигнат со воз поради стравување од блокади на пристапните патни правци.