Контроверзното француско сатирично списание Charlie Hebdo објави во понеделникот дека добил смртни закани откако објавил ласцивна карикатура на влијателен исламски теолог обвинет за силување.
Правосудни извори во Париз потврдија во понеделникот за AFP дека обвинителството отворило прелиминарна истрага пошто примило поплака од списанието.
Во јануари 201 година дванаесет луѓе беа убиени во нападот врз париската редакција на Charlie Hebdo. Одговорноста за нападот ја преземаа исламисти на Ал Каеда од Јемен, поради објавување карикатури на протокот Мухамед кои ги разгневија муслиманите ширум светот, бидејќи муслиманот не дозволува отсликување на ликот на пророкот.
Последното издание на весникот објави карикатура на исламскиот теолог Тарик Рамадан со голема ерекција. Судски извори во Париз минатата седмица потврдија дека две лица го тужеле за силување. Тој ги негира обвинувањата и одговори со тужба за клевета.
Рамадан е професор на современи исламски студии на Оксфорд, Популарен е меѓу многу муслимани, особено меѓу младите имигранти во Европа, но истовремено е и често критикуван од секуларистите, особено во Франција, кој го обвинуваат дека заговара политички исламизам.