Француските Републиканци избраа нов лидер

лорен вокуе (л) и поранешниот лидер на конзервативците Николас Саркози (д)

Француската конзервативна партија Републиканци го избраа во неделата конзервативниот политичар Лорен Вукуе за свој нов претседател, што преставува скршнување на партијата вдесно откако оствари незадоволителни резултати избори на неодамнешните парламентарни и претседателски избори.,

Претседателот на советот на регионот Оверн-Реона-ачпи, 42-годишниот Лорен Вокуе добил 74,6 отсто од гласовите во првиот круг, па не беше потребен втор круг, соопшти во неделата ноќта на прес-конференција, шефот на организациониот комитет за партиските избори Ан Левад. Додаде дека право на глас имале 234.908 членови на партијата, а гласале преку интернет.

Противкандидати на конзервативниот Вокуе беа центристички ориентираниот 37-годишниот Маел де Канан и поранешната портпаролка на партискиот челник, 39-годишната Флоренс Портели.

Најголемата опозициска партија во францускиот парламент, со новиот лидер се надева дека ќе ја обнови моќта. Партијата остана без водач откако Франсоа Фијон поради корупциските скандали испадна во првиот круг од претседателските избори во април.

Имајќи предвид дека францускиот претседател Емануел Макрон спроведува важни економски реформи, а за премиер и министер за економија постави политичари од десниот центар, Републиканците се поделени околу прашањето дали треба да го поддржуваат од случај до случај или да бидат вистинка опозиција.

Вокуе смета дека партијата мора јасно да се разликува од Макрон и неговите политики, како и да биде „вистински десна“. Тој, исто така, е евроскептик. За Макрон вели дека не е во допир со рурална Франција, дека е слаб по прашањата за безбедноста на земјата и премногу е наклонет кон посилната европска интеграции.

Негира, меѓутоа, дека е „крајна десница“ и истакнува дека се зазема за средната класа и за Европската унија со различни степени на интеграција којашто го почитува државниот суверенитет на земјите членки.

„На Франција ѝ е потребна десница, бидејќи претседателот Макрон е пасивен пред криминалот… и недоволно цврст против радикалниот ислам“, порача Вокуе.

Смета дека Европа мора да се зазема за своите „вредности и цивилизација“ и остро се противи на соработката со крајната десница Национален фронт.