Илјадници француски земјоделци, на повик на Националната федерација на синдикатите на работниците во земјоделието (FNSEA) и синдикатот на младите фармери Jeunes Agriculteurs, огорчени од политиките на владата на претседателот Емануел Макрон и меѓународниот трговски договор во средата со трактори ги блокираа главните сообраќајници во Париз, пристигнувајќи во француската престолнина од многу региони на земјата.
На автопатот А1, артерија којашто го поврзува Париз со северот на Франција и нејзините пристаништа, демонстрантите привремено блокираа три сообраќајни ленти.
„Нема рурална Франција без земјоделци. Пуштете нѐ да продолжиме да си ја работиме својата работа“, беше испишано на еден од околу 700-те трактори.
Синдикатите кои ги застапуваат ги упатија земјоделците да дојдат на авенијата Фош во престижниот центар на Париз, недалеку од Триумфалната капија. Двата водечки синдиката бараат состанок со 41-годишниот претседател за да го изразат незадоволството од политиките за кои сметаат дека му штатат на земјоделието.
Претседателот Макрон подолг период се соочува со бран социјално незадоволство поради неговите реформи. Земјоделците го обвинуваат дека ита во забраната за употреба на хербицидот глифосат до 2021 година и со тоа оди дури и пред актуелната политика на ЕУ, иако владата во Париз вети изземања за оние земјиделци кои немаат одржлива алтернатива. Европската унија имено минатата 2018 година, дозволи за уште пет години да се употребува спорниот глифосат кој се смета за канцероген.
На Макрон француските земјоделци му забележуваат ид тоа што ЕУ склучи договори со Канад и Mercosur (сојузот на јужноамерикански држави), бидејќи тврдат дека овие договори ќе резултираат со увозот на поевтрини, но и неквалитетни земјоделски производи.
Законот за храна што го донесе владата на Макрон и кој треба на земјоделците да им даде почесен удел во профитот, не ги примири земјоделците кои се жалат на сѐ послабата заработка. Франција е најголемиот производител на земјоделски производи во ЕУ и најголем корисник на субвенциите CAP, заедничката земјоделска политика на ЕУ.
Синдикатите на земјоделците се подготвуваат за преговорите за новиот буџет на ЕУ во кој парите предвидени за земјоделието ќе бидат намалени поради планираното излегување на Велика Британија од Унијата.
Претходно во вторникот и неколку илјади германски земјоделци со трактори во Берлин протестираат против планот за намалување на користењето на пестициди и хемиско ѓубриво при обработката на земјата. Како резулатат од компромисот меѓу минисерставата за екологија и земјодели, германската програма вклучува забрана за користење на глифосати до 2023 година, и забрнаа пред 2021 година за употреба на хербициди инсектициди во „еколошки чувствителните подрачја“.
PARIS – Les agriculteurs arrivent sur le périphérique en tracteurs. 1000 tracteurs sont attendus. #sauvetonpaysan pic.twitter.com/q9F1fs2poe
— Clément Lanot (@ClementLanot) November 27, 2019
Deux cortèges d’agriculteurs fusionnent et convergent vers Paris.
C’est désormais + d’une centaine de tracteurs qui ralentissent la circulation sur l’autoroute A13 en direction de la capitale. pic.twitter.com/4dG21KcwaD
— Clément Lanot (@ClementLanot) November 27, 2019