Француско – израелски конзорциум заинтересиран за „Фени“

Француско – израелски конзорциум  веќе два дена  преговара со доверители на Фени за преземање на комбинатот, објави Сител телевизија.
Според информациите, фирмата имала сериозни намери за  Фени и по средбата со банките планира да се сретне и со сидникатот на Фени. Во меѓувреме бугарски Енекод испрати допис  до вработените на Фени во кој се вели дека УЈП до  вчера 16 ноември требале да поднесат финална одлука  за тоа колкав е точно износот кој  Фени треба да го плати кон УЈП  и до кога треба да го подмири доглот за да може компанијата да ги продолжи преговороте со кредиторите и Фени.

Во соопштенеито на Енекод се наведува дека ќе направат се за Фени да не оди под стечај.

Како резултата на одредена операција од претходнотот раководство  во 2015 година ујп поднесе прелиминарна одлука дека Фени треба да плати данок од 5,5 милиони евра за 2015 година. Ние побаравме од УЈП да ја одложи нивната одлука за 15 дена но тоа беше одбиено , УЈП одлучи на 16 ноември да ја даде финалната одлука за да бидеме сигурно во износот кој треба да го плати компанијата и до кога за да можеме да продлжиме со преговорите со кредиторите и компанијата

Фени нема завршна сметка за 2016 година и тоа е допполнителен проблем, затопа ние моментлано работиме на финализирање на завршната сметка на компанијата, и правиме се од себе за компанијата да не оди под стечај, се вели во дописот од бугарски Енекод.

За тоа дали има финална одлука колкав е точно доглот на Фени и  до кога треба да се подмирит од УЈП не потврдуваат. Посочуваат дека според законот за даночна постпака сите информации чие доставување може да имаат штетни последици не се предмет на комуникација со јавноста и имаат третман на даночна тајна.

Вчера и Врховен го одби барањето на Енекод, стечајната постапка на Фени  да ја води друг суд , и го врати предметот во судот во Велес.  Инвеститорот со ова барање  го одложи рочиштето на кое требаше да се утврди дали за Фени има услови да се отвори стечај или не. Со тоа компанијата си даде време за да излезе со нова понуда до банките.

Вработените во Фени веќе требаше да ја добијат и окотмвриската плата, но најава за такво нешто се уште нема.