Французи ќе судат на Еурофарм Пелистер и Фуксе Берлин

Европската ракометна федерација ги одреди официјалните лица за натпреварите од 9 коло во Лигата на Европа.

Македонскиот претставник гостува во Берлин кај досега непоразениот Фуксе кој веќе го обезбеди првото место во групата.

Овој дуел ќе го суди француска двојка, а станува збор за Јан Кармо и Жулиен Мурш, додека делегат е Тихомир Касуниќ од Хрватска.

Натпреварот меѓу Фуксе Берлин и Еурофарм Пелистер ќе се игра во вторник во „Макс Шмелинг Арена“ од 20:45 часот.