Неидентификуван добитник на 72 милиони еврa на лотаријата во Франција одлучил 50 милиони евра од нагрaдата да ги подари во добротворни цели.
Тоа е „неверојатен чин на дарежливост“ на победникот од југозападот на Франција, известуваат француските медиуми. Човекот одлучил 50 милиони евра да ги подели на 10 невладини организации кои работата за загрозените , пренесува агенцијата АФП.
Добитникот сакал да остане анонимен, но медиумите пренесуваат дека е неоженет, во педесеттите години и дека нема деца.
Друштвените мрежи се преплавени со коментари и пофалби за овој „среќник“. Социологот Дени Мизе рекол дека таков филантропски чин не можел да дојде во подобар момент за Франција.
„Таа личност ни испраќа јасна порака: Успехот во животот не е колку пари заработуваш туку што правиш за другите„, заклучил Мизе.