Французин поднел тужба против Столтенберг поради Украина

Францускиот државјанин Патрик Пазен, автор на голем број книги, вклучително и за ситуацијата во Украина, поднел тужба до белгиски суд против доскорешниот генерален секретар на НАТО, Јенс Столтенберг, за неговата улога во поттикнувањето на украинскиот конфликт откако во февруари 2022 година Русија изведе инвазија во соседната земја.

„На 27 септември 2024 година, во белгиски суд беше поднесена тужба против Јенс Столтенберг, тогашен генерален секретар на НАТО, за неговата улога во започнувањето на војната во Украина, од тужбата произлегува дека тој имајќи можност да го спречи конфликтот, го разгоре“, се навеува на личната веб-страница на тужителот.

Сепак, тој не прецизира дали тужбата е прифатена на разгледување.

Во април оваа година беше објавено дека Пазен поднел слична тужба против Столтенберг пред француски суд. Понатамошната судбина на оваа тужба никогаш не беше објавена.

Норвежанецот Јенс Столтенберг беше генерален секретар на НАТО десет години до 1 октомври оваа година. Потоа го наследи поранешниот холандски премиер Марк Руте.