Француската фудбалска репрезентација е вториот полуфиналист на Европското првенство во Германија, благодарение на прецизноста на нејзините играчи во ударите од 11 метри кога сите пет изведувачи беа прецизни, со што беше совладана Португалија со 5:3, откако ниту еден тим успеа да постигне гол во 120 минута.
Пресудно за исходот на осминафинелниот судир беше промашувањето на Жоао Феликс, кој ја погоди стативата во третата серија од пенал-рулетот. Така, Франција за пласман во финалето ќе се бори против Шпанија која во Штутгарт неколку часа претходно во петокот по продолженијата ја совлада Германија со 2:1. Дуелот меѓу Шпанија и Португалија ќе се игра во Минхен на 9. јули со почеток во 21 часот.
Французите во дуелот меѓу честите ривали во завршниците на големите натпреварувања влегоа со огромна предност во меѓуебдните соочувања, бидејќи остварија 19 победи, шест пати загубија, а трипати нивните дуело завршија без победник. Иако Французите тешко се помирија со поразот во финалето на ЕУРО 2016 на нивниот „Стад де Франс“, последователните успеси на тимот на Дидие Дешан донекаде ја залечија раната. Португалците, за разлика од Французите, останаа без позабележителни резултати по таа титула на Европското првенство во Франција, освен победата во премиерно издание на Лигата на нациите.
Екипите предводени од Дешан и Роберто Мартинез „тежат“ со индивидуален квалитет во сите линии, но не оставија особено впечатлив впечаток на патот до четвртфиналето. Со оглед на моќта и брзината на двете страни, тешко беше да се очекува дека некоја репрезентација ќе се впушти на поголем ризик на „Фолкспаркштадион“ во Хамбург. Така се гледаше шах на зелениот тревник. Во првото полувреме беа регистрирани вкупно пет шута – три на Франциај и два на Португалија, а Французите само еднаш успеаја да го ангажираат Диого Кошта, кога во 20. минута Тео Ернандез упати прецизен и силен удар од 27 метри, но португалскиот херој од осминафиналето беше подготвен.
Ниту продолжението не донесе никакви промени. Португалците сѐ уште го имаа поседот на топката во своите нозе, Французите чекаа шанса за контранапад, но всушност речиси ништо не се случи. Но по 60 минути игра, селекциите како да минаа во друга димензија, во која стана важно да се постигне гол.
Во 61. минута Португалецот првпат упати удар кој го принуди Мајк Маињан да интервенира и тоа одлично. Кансело со одлична длабинска топка го испрати Бруно Фернандеш „очи в очи“ со францускиот голман. Фернандеш шутираше во спротивниот агол, но Мајк Мањан ја сочува сопствената мрежа. Во продолжението од акцијата топката стигна до Кансело, кој од работ на шеснаесетникот шутираше со левата нога во спротивниот горен агол, но не беше прецизен.
Само две минути подоцна Португалците повторно беа во изгледна ситуација. Леао се втурна по левото крило, го проигра Витиња, чиј удар од шеснаесетникот го одбрани Мењан. Французите не успеаја да ја исфрлат топката во аут, па таа стигна до Кристијано Роналдо, кој со петица се обиде да го совлада францускиот голман, но и Мењан беше подготвен на таков обид.
Кога Португалеците не успеаја да постигне гол, Французите ги дочекаа своите пет минути. Рандал Коло Муани, кој со помош на Вертонген ѝ донесе победа на Франција во осминафиналето против Белгија, во 66. минута беше блиску до реприза, само оввојпат Рубен Диаш имаше повеќе среќа од несреќниот белгиски стопер, бидејќи топката се одби од него и отиде покрај стативата во корнер.
Чудо се случи кога Франција не поведе во 70. минута. Килијан Мбапе ја измеша левата страна на португалската одбрана, а потоа успеа да ја додаде топката до Камавинга кој од работ на шеснаесетникот шутираше во спротивниот агол. За негова несреќа, топката помина веднаш покрај стативата и заврши во гол-аут.
Со тоа промашување заврши десетминутната меѓусебна канонада. Сè уште имаше обиди за удари надвор од шеснаесетникот, во што предничеа Французите. Во 74. минута Усман Дембеле шутираше од десно кон спротивниот горен агол, а топката ја „лизна“ стативата. Во 88. минута Н’Голо Канте направи обид од далечина, но Кошта без мака одбрани, исто како и ударот на Мбапе во третата минута од судиското надополнување.
Португалците трет натпревар по ред останаа без гол во регуларниот дел од мечот, а Французите, исто така, не успеаја да постигнат гол од поле, со оглед на тоа што два од нивните три на ова првенство беа автоголови, а во ремито против Полска, Мбапе беше прецизен од пенал.
Во првото полувреме од судиското продолжение први се заканија Португалци. Во 93. минута Консеисао се проби по десното крило и ја испрати топката назад во средината на шеснаесетникот каде се наоѓаше Кристијано Роналдо, но тој ја прими топката малку поназад и лошо ја зафати.
Франција можеше да постигне гол во 97. минута, но по којзнае кој пат во шеснаесетникот на патот му се испречи неуништивиот 41-годишниот Пепе и го блокираше ударот на Мбапе од 15 метри.
Во 102. минута Португалеците имаа уште една шанса. Рафаел Леао ја имаше топката на 11-12 метри, но Упамекано навреме влезе во неговиот шут и со блок го спаси својот голман од потенцијално многу тешка задача.
Дидие Дешан беше принуден да го замени својот капитен Килијан Мбапе во второто полувреме од судиското продолжение, кој беше лекарска интервенција во второто полувреме откако топката го удри во маската на лицето и изгледаше како да му ја влоши повредата на носот. Тој беше заменет со Бредли Баркола.
Реагираше и Роберто Мартинез кој го освежи нападот со Жоао Феликс, на местото од Рафаел Леао. Феликс беше тој кој го упати првиот поопасен удар во вториот дел од судиското продолжение, кога во 108. минута шутираше со глава на центаршутот на Консеисао, но биеше само во надворешната страна од мрежата.
Заканата на Французите дојде во 112. минута. Усман Дембеле дриблаше од десната страна кон средината, најде простор за удар од работ на шеснаесетникот, но топката мина високо над голот. Три минути подоцна, од спротивната страна, Баркола мина меѓу тројца португалски дефанзивци и стигна до шеснаесетникот, но неговиот удар беше непрецизен.
Португалија можеше да победи во 120. минута. Се отвори контранапад, во кој Бернардо Силва созддаде одлична ситуација за Мендеш, кој од 15 метри по средината шутираше премлако и директно во рацете на Меињан. Остана 0:0 и по обидот на Турам веќе во следниот напад да возврати на спротивната страна, а Мајкл Оливер означи крај на продолженијата.
Одлуката за противникот на Шпанија во четвртфиналето беше решена во удар од 11 метри. Усман Дембеле стана првиот играч на ова првенство кој го совлади Диого Кошта од 11 метри и така го отвори пенал-рулетот за Франција. Херојот на португалската победа над Словенците во осминафиналето, кога во серијата ги одбрани сите три удари на словенечките фудбалери, против Французите остана без одбрана. Ниту Мењан не спаси ништо, но ја погоди страната кога Жоао Феликс ја погоди стативата наместо мрежата. И тоа беше доволно Франција повторно да се најде меѓу четирите најдобри селекции на едно големо натпреварување.