Франција во четвртокот ги советуваше своите државјани да ги избегнуваат Шпанија и Португалија ова лето поради брзото ширење на делта варијантата на коронавирусот, но уште не ги забрани патувањата во овие две двестинации.
„Оние кои сѐ уште не резервирале летување, избегнувајте го Шпанија и Португалија како ваши дестинации, ова е совет за претпазливост“, изјави државниот секретар за европски работи Клемент Боне за јавната телевизија France2.
„Тоа е препораката на којашто инсистирам, подобро да останете во Франција или да одите во други земји… ситуацијата е многу загружувачка“, додаде Боне истакнувајќи дека патувањата на тие дестинации сепак се дозволени.
Напомна, меѓутоа, дека е можно воведување и построги мерки следните денови. Боне ги повикува државите членки на ЕУ на зголемена претпазливост, бидејќи пандемијата сѐ уште не завршила.
Португалскиот министер за надворешни работи Аугусто Сантош реле дека загриженоста на Франција е „разбирлива“ , имајќи предвид дека здравтвената ситуацја во неговата земја се „влошила“.