Кога светот беше погоден од коронавирусот, а шампионатите ширум светот и европските натпреварувања беа запрени, Франс Фудбал донесе одлука оваа година да не ја доделува наградата за најдобар фудбалер на планетата. Наместо тоа, беше избран таканаречениот „тим од соништата“ во формацијата 3-4-3.
Сè започна на 5 октомври, кога беше објавен списокот со 40 играчи (10 голмани, 20 дефанзивци и 10 стопери), продолжи седум дена подоцна со списокот на бекови и офанзивни играчи за врска (по 20), а заврши на 19 октомври со списоците на десните крила, напаѓачи, и фудбалери кои дејствувале по левата страна.
Првиот тим го сочинуваат Лав Јашин, Паоло Малдини, Франц Бекенбауер, Кафу, Лотар Матеус, Чави, Пеле, Марадона, Кристијано Роналдо, Лионел Меси и Роналдо.
⭐After the votes of 140 journalists from all around the world, here is the #BOdreamteam with 11 best players of all time ! ⭐ pic.twitter.com/FsKAoSyGZL
— France Football (@francefootball) December 14, 2020
Во другиот тим се Џанлуиџи Буфон, Роберто Карлос, Франко Барези, Карлос Алберто, Франк Рајкард, Андреа Пирло, Алфредо ди Стефано, Зинедин Зидан, Роналдињо, Гаринча и Јохан Кројф.
⭐After the votes of 140 journalists from all around the world, here is the #BOdreamteam with 11 best players of all time ! ⭐ pic.twitter.com/FsKAoSyGZL
— France Football (@francefootball) December 14, 2020
За трет најдобар тим беа избрани Мануел Нојер, Пол Брајтнер, Серхио Рамос, Филип Лам, Јохан Нескенс, Диди, Андрес Иниеста, Мишел Платини, Тиери Анри, Џорџ Бест и Марко ван Бастен.