Интегрален текст од прес конференција на лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски:
Во Членот 10 од Уставот на Македонија, јасно и недвосмислено стои „животот на човекот е неприкосновен“. За жал во Македонија дури и во овој момент се случува грозоморен скандал каде и денес и сега се заработува на грбот од болните од канцер. Создадено е системско диво месо на криминал и корупција која ги има зафатено сите пори на општеството, а највеќе доаѓа до израз таму каде треба да се спасуваат животите.
Жално е што обвинителството не покрена ниту обвинителен акт и се се заврши со само формална предистрага. Доста со басните за некаква висока политика, во реалниот живот се губат животи поради корупција и криминал.
Преку свиркачи добивме огромна документација која многу внимателно ја анализираме и врз основа на која влечеме заклучоци откако претходно се консултираме со луѓе кои се стручни и луѓе кои имаат предзнаење и познавање за тоа кое што е содржано во таа документација.
Денеска ќе зборувам за три заклучоци коишто произлегоа од таа документација која ја добивме од свиркачи, но во периодот кој следи ќе има уште.
Како што кажав на самиот почеток од оваа денешна прес конференција животот на човекот е неприкосновен, без разлика колку и да има корумпирани луѓе, колку и да има луѓе чиј основен мотив е криминалот, животот на човекот е неприкосновен.
Ова што го држам во ракава е Извештај од ФЗО. Овој Извештај е практично извештај од извршена вонредна финансиска контрола на условниот надоместок во УКРО Скопје, УКРО е Универзитетска клиника за радиологија и онкологија.
Периодот кој е опфатен во овој Извештај, внимавајте, е за МЗ две години, те. Опфатени се во овој вонреден контролен инспекциски надзор јавните набавки за периодот од 1 август 2021 година заклучно со 1 август 2023 година. Попрецизен да бидам, тоа е периодот после оној период за кој зборуваа од Владата дека е опфатен со предистрагата, односно дека до 2021 година се правело што се правело, а после тоа се било според правилата. Еве овој Извештај го опфаќа работењето, јавните набавки на МЗ во периодот од 1 август 2021 до 1 август 2023. Овој Извештај во јавноста се уште го нема. И исто така е опфатен периодот за јавните набавки само на УКРО за 4 месеци, и тоа декември 2022, јануари, февруари, март 2023 година.
Доколку внимателно го анализирате Извештајот Колку и да има луѓе чиј основен мотив е криминалот, животот на човекот е неприкосновен. Ова што го држам во ракава е Извештај од ФЗО. Овој Извештај е практично извештај од извршена вонредна финансиска контрола на условниот надоместок во УКРО Скопје, УКРО е Универзитетска клиника за радиологија и онкологија. Периодот кој е опфатен во овој Извештај, внимавајте, е за МЗ две години, те. Опфатени се во овој вонреден контролен инспекциски надзор јавните набавки за периодот од 1 август 2021 година заклучно со 1 август 2023 година. Попрецизен да бидам, тоа е периодот после оној период за кој зборуваа од Владата дека е опфатен со предистрагата, односно дека до 2021 година се правело што се правело, а после тоа се било според правилата. Еве овој Извештај го опфаќа работењето, јавните набавки на МЗ во периодот од 1 август 2021 до 1 август 2023. Овој Извештај во јавноста се уште го нема. И исто така е опфатен периодот за јавните набавки само на УКРО за 4 месеци, и тоа декември 2022, јануари, февруари, март 2023 година.
Доколку внимателно го анализирате извештајот, ќе извлечете повеќе заклучоци, но два се фрапантни.
Првиот заклучок, од овој извештај кој што денеска ќе го прочитам пред македонската јавност е следен: Добавувачите согласно договорите, се должни да ги испорачаат лековите во рок од 5 дена или 10 дена, и ако доцнат со испораките и се создадени дефектури, за да биде појасно што е дефектура, тоа е период во кој пациентите не ја добиваат терапијата. Значи и покрај тоа што се создадени вакви дефектури, период во кој пациентите не ја добиваат терапијата, бидејќи добавувачите не ги почитуваат договорите, не е испратен ниту еден допис, од одговорните лица, ниту е преземено нешто да се надмине дефектурата, да се извести Бирото за јавни набавки, да се даде негативна референца на добавувачот или да се прекине договорот.
Во текот на оваа пресконференција ќе се надоврземе која е омилената веледрогерија на власта.
Ниту еден добавувач не е предупреден, ниту му е дадена негативна референца за не испорака, а не е ниту добиен одговор, било каков, објективен или субјективен, од дистрибутерите, зошто не се испорачува навремено робата според договорот. Свесно се крши договорот, не се испорачуваат лековите, пациентите остануваат без потребната терапија, и за тоа никој не сноси никакви последици! А ќе ве потсетам зборувавме за реверс, предвремено доставување на лекови, за оние на кои тие лекови им се потребни.
Вториот фрапантен заклучок. На одделенијата за лежечки пациенти, во амбулантските дневници медицинскиот персонал го запишува и остатокот од некои вијали, вијала е пакување, дека е издаден даден на соодветниот и друг пациент, со цел да се заштеди вишокот на лекот, но нема писмен траг, интерна книга, дали се фрла или кому се дадени за да се доискористи лекот од вијалата.
Преку пример, треба ад се аплицира лекот на пациент, вијалата е 100 единици, дозата која што треба да ја добие пациентот е 50 единици, тие 50 единици се аплицираат, но останатите 50 единици никој не знае, ниту имаат некаква трага каде завршуваат и дали некаде воопшто завршуваат. И ова е така со години правено, бидејќи нема никаква контрола. На тој начин директно со милиони, стотици милиони се оштетуваат македонските граѓани. Овој документ што го имам е извештај од специјалист, односно субспецијалист, каде што во наодот вели дека на барање на пациентот терапијата ќе се аплицира во друга медицинска установа на онколошко одделение. Со други зборови, доаѓа пациентот кој што треба да добие терапија, на клиниката во торбичка му ја даваат терапијата и потоа пациентот оди да ја аплицира таа терапија. Вистинското прашање е дали имаме повратен одгвоор каде е аплицирана таа терапија и дали навистина таа терапија е аплицирана?
Но, исто така останува непозната дилемата дали самата клиника имала интерна процедура или протокол за издавање на лекови согласно членот 8 од законот за евиденции од областа на здравството имајќи предвид дека секои од овие лекови за да се пренесе од точка А до точка Б треба да има и соодветен термички третман. Во еден од договорите стои дека лекот не смее да биде во средина каде температурата ќе биде помала од 2 степени целзусови, поголема од 8 степени целзусови.
Дали ова организиран шверц и дали е ова начинот на кој се испумпувани милиони од буџетот на грбот на граѓаните во Македонија? Понатаму зошто никој не го отвори прашањето која е цената по која украл односно универзитетската клиника за радиологија и Онкологија ги наплаќа своите услуги од фондот за здравство и која е цената која пациентите ја плаќаат за аплицирање на овие лекови во други здравствени установи, дали е тоа двојна наплата? Дали не сите граѓани имаат право на живот?
Трет заклучок овие документи што ги гледате се само 4 од многу, тоа се лекови, лекови кои би требало да спасат човечки животи, но исто така и лекови кои за ова диво месо во здравството претставуваат можност за профит на грбот на здравјето на луѓето.
Ова се лекови коишто според Фондот за здравство на 31 март биле залиха, односно се наоѓале како залиха и биле подготвени да бидат аплицирани до пациентите. Нормално сите овие лекови доаѓаат од омилената веледрогерија на власта. И ќе започнам, прво тоа е лекот Абиратерон во ампули од 250 милиграми. Според Фондот за здравство на 31 март 2023 година состојбата на залихата била 121.149.360 денари и тој лек е пакуван во две големини 250 милиграми и 500 милиграми. Следен лек е Алектиниб. Состојбата на залиха на 31.03.2023 е речиси 123 милиони денари, или точно тоа е 122.986.958 денари. Понатаму Вемурафениб 240 милиграми, состојба на залиха на 31.03.2023 година 406.464.361 денар. И да не останам должен, Абиратерон, лекот во пакување од 500 милиграми, состојба на залиха на 31.03.2023 година 950.292.000 денари или вкупно нешто повеќе од милијарда ипол денари или нешто повеќе од 25 милиони евра.
Дали оваа залиха навистина постои физички или само на хартија, за тоа малку подоцна. Ова е договор на еден од добавувачите, кој што е омилен, од страна на владата на СДС и ДУИ и кој што нормално има привилегија најчесто да ги добива јавните набавки. Овој договор опфаќа се што претходно прочитав, сите овие лекови кои што преходно ги прочитав се опфатени со овој договор. Но тоа што овие на залиха имале милијарда ипол денари, на 31-ви март, не ги спречило на 27-ми февруари, да распишат јавна набавка, со која што повторно ќе побараат, од истите овие лекови, рамковен договор со овој омилен добавувач, а тој пак, на 8ми мај ќе го склучи овој договор, во вредност од точно 513.656.549,66 денари, со вклучен ддв.
Како што можете да видите почитувани присутни, станува збор за организирана мафија, која што за жал денеска, сеуште оперира. Мафија која што на грбот на граѓаните заработува. Она што овде е запрепастувачко, не е само криминалот, туку бездушноста да се заработува од уништувањето на другите животи. Оваа канцер мафија, која го создаде дивото месо, мора да биде победена и мора да има одговорност. Бараме во овој момент анкетната комисија во собранието, која се однесува на овој случај.