Во Струмица се вработуваат само блиски на Заев. Заев и Заевите соработници си ги задоволуваат нивните најблиски. Ова е голем срам за Струмица бидејќи ја претворија општината како нивна лична своина. Сите ние останатите неможеме и да замислиме да бидеме вработени во некоја локална институција. Ова меѓу другото се вели во писмото што пристигна до редакцијата на Нетпрес од група револтирани граѓани.
По скандалозните информации дека во Куманово се вработени речиси сите кумови, кумашини, братучеди и подалечни роднини на градоначалникот Зоран Дамјановски и скандалозните информации дека на платниот список на Општината, на разни работни места исклучиво се поставени и речиси сите блиски роднини и пријатели на највисоките функционери на опозицискиот СДСМ, голем број читатели се јавија до нашата редакција.
Имено, читателите кои побараа да останат анонимни, затоа што се плашат дека објавувањето на нивниот идентитет би можело да биде злоупотребено против нив или против нивните семејства од страна на властите во општините каде што живеат, со нас споделија поголем информации за роднинските и семејните вработувања во општините каде градоначалници од опозицијата се на власт.
До нашата редакција стигна отворено писмо од т.н. група на дискриминирани граѓани од Струмица кои велат:
Читајќи ги вашите статии поврзани со вработувањата на роднини и пријатели на функционери во Куманово, сакаме да ве известиме дека таков е и примерот во нашиот град Струмица.
Во Струмица функционерите и најблиски соработници на градионачалникот Зоран Заев имаат вработено се што се нивни поблиски и подалечни роднини. Во нашиот град ние граѓаните кои имаме аплицирано на повеќе огласи во локалните институции никогаш не сме избрани иако во целост ги исполнуваме условите од причина што ние не сме роднини и блиски на Заеви или на неговите соработници, функционери во СДСМ.
Оваа група граѓани во своето писмо вели дека во Струмица листата на такви вработувања е „најлош пример за тоа како владее Заев и неговата постава во Струмица“.
Оваа група граѓани, како што велат „во интерес на вистината со овој допис ја известуваат јавноста за случаите на вработување во Струмица“.
Покрај бројните тендерски малверзации во општината за кои постојано е обвинуван првиот човек на СДСМ, овие информации говорат дека Заев комплетно ја политизирал и ја узурпирал општинската администрација со луѓе подобни за него и за неговата партија.
Според информациите што ни беа доставени заедно со отвореното писмо, во општина Струмица е вработен Иван Даскаловски кој е син на пратеникот и несуден претседател на Советот на општина Струмица, Марјан Даскаловски.
Во општина Струмица исто така се вработени и двете снаи на поранешната пратеничка, која сега исто така работи во општината Цветанка Иванова. Нејзините снаи Софче Иванова и Билјана Иванова работат во општината.
Понатаму, во општинската администрација е вработено речиси целото семејство на раководителот на финансии во општина Струмица, Бранко Палифров.
Така, неговиот син Коста Палифров е вработен во Јавното Претпријатие Паркиралишта.
Братучедот на Палифров Драги Димитров е технички директор во ЈПКД Комуналец Струмица, а снаата Лице Димитрова е вработена во ЈП Паркиралишта Струмица .
Внуците на Палифров, Боре Димитриев и Лилјана Стојанова се вработени во Општина Струмица. Боби Димитриев кој работи во ЈПКД Комуналец Струмица е исто така внук на Палифров, а Боба Димитриева, вработена во градинка во општина Струмица е негова внука.
Слично е и со семејството Узунови. Ќерката на советникот во општина Струмица Зоран Узунов, Верица Узунова е директор на ЈП паркиралишта Струмица, а неговата сопруга Снежана Узунова е вработена во основното училиште Маршал Тито Струмица. Внуката на Узунов Кевија Димитрушева, пак е директор на основно училиште во Куклиш.
Тинка Маркова директор на градинка Детска радост Струмица, во истата градинка ја вработила и нејзината снаа Верица Маркова, а нејзините синови Александар Марков и Ване Марков се вработени во противпожарната станица во Струмица и во општина Струмица.
Љупка Цветкова е член на кабинет на градоначалникот Зоран Заев, а во општината работат и нејзиниот татко Митко Цветков, братучедот Борче Цветков и тетката Нетка Тимова.
Граѓаните од Струмица велат дека ова се само мал дел од примерите за тоа како Заев и Заевите соработници си ги задоволуваат нивните најблиски.
Ова е голем срам за Струмица бидејќи ја претворија општината како нивна лична своина. Сите ние останатите неможеме и да замислиме да бидеме вработени во некоја локална институција. Ве молиме во интерес на вистината и на информирањето да го објавите ова писмо, вели групата граѓани што се потпиша како „Група на дискриминирани граѓани од Струмица“.