Фрчкоски е грдото лице на владеењето на претходната власт, ќе има одговорност

На денешната прес конференција пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ Миле Лефков даде коментар за повикот на  амбасадорот во ОН Љубомир Фрчкоски на консултации во МНР.

– Фрчковски е грдото лице на владеењето на претходната власт на СДСМ и ДУИ. Од тоа што можевме во јавноста да го видиме, гледаме дека како амбасадор на Македонија уживал во удобностите кои му ги обезбедил Зоран Заев со именувањето, а во исто време нема отчет како се трошеле народните пари, односно парите биле трошени на непознат начин – истакна Лефков.

Лефков посочи дека секој треба да биде повикан на одговорност за тоа како ја извршувал својата должност без разлика за кој човек се работи или на која функција бил.