Не бев консултирана за гласањето во Генералното собрание на Обединетите нации за резолуцијата за Сребреница, вели претседателката Гордана Сиљановска Давкова.
За гласањето за усвојување на Резолуцијата за Сребреница каде претставниците на 84 земји гласаа за усвојување, меѓу кои и Македонија, 19 држави беа против, а 68 воздржани, Сиљановска-Давкова со став дека, амбасадорот во ОН требало да се консултира со неа, а не само со министерот за надворешни работи.
„Во меѓународната политика, има поделена надлежност меѓу министерот за надворешни работи и претседателот на државата“, рече претседателката.
Потенцираше дека при гласањето во Обединетите нации, македонскиот амбасадор во светската организација требало да се консултира со неа а не само со министерот. Според Сиљановска-Давкова тоа е логичен метод во меѓународните односи.
Инаку, српскиот претседател Александар Вучиќ е разочаран од тоа како гласаше Македонија, затоа што како што кажа вложил многу за подобрување на односите со Македонците.