На тема „Имаат ли иднина либералните вредност во Македонија?“ во синоќешната емисија Клик плус на ТВ21 дебатираа професорите Љубомир Фрчкоски и Александар Спасеновски и пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ Илија Димовски.
Фрчкоски смета дека мора да се контролира сопственото граѓанство, особено по последните анкети во кои поголемиот дел се изјаснуваат за апсурдни прашања.
„На анкети имате 48, 50, 60% изјаснување на граѓаните на апсурдни прашања. Тој момент мора да се контролира кај сопственото граѓанство“, рече Фрчковски, кој истакна дека во политиката се присутни емоции, но истите мора да се контролираат.
„Мора да се контролираат емоциите во политиката, и тука либералите и левицата не се снаоѓаат, десницата подобро оди, затоа што таа е традиционалистичка и полесно ги брани тие вредности“, вели Фрчковски.
На крајот истакна дека освен ние, останатите земји кои чекаат за влез во ЕУ, се меки авторитарни режими.
„Може да го анализирате во сите земји од Западен Балкан во чекалната се меки авторитарни режими. Да не исклучиш нас, другото се е чудно, а чекаат влез во ЕУ“, рече Фрчковски.