Фрчкоски до Героски: Припреми приказна, барањата за албанскиот јазик се прифатливи

Непосредно по изборот на новата Влада, по полноќ на Јутјуб се појави аудио снимка од телефонски разговор, за кој, според гласовите, се претпоставува дека е помеѓу, уредникот на „Слободен Печат“ и „Плусинфо“, Бранко Героски и Љубомир Фрчкоски.

Разговорот почнува со тоа дека на Фрчкоски ќе му бидат исплатени пари за неговите „услуги“ во медиумите на Героски (веројатно станува збор за објавени текстови и колумни),  па продолжува со тоа дека треба да се подготви терен за воведување на двојазичноста.

Гласот за кој се претпоставува дека е на Фрчкоски, вели дека „се што не е забрането со Устав, е дозволено“, а се’ што е побарано во Тиранската Платформа за двојазичноста не е спорно и дека тоа може да се „изработи“.