Фридом Хаус повторно излезе со нов извештај во кој констатира дека има пад на демократијата во земјава. Како по правило, во извештајот повторно се испраќа силен критицизам кон власта, и се прикажува некакво уназадување на состојбите се толкува прекршување, застој во стандардите, враќање назад, паѓање надолу.
Според познавачите, целта на ваквите извештаи е да се дадат конкретни аргументи на Грција за да може да го оспори напредокот на Македонија и да го попречи нејзиниот влез во Унијата. По правило на веќе прочитан модалитет, за тоа нема да бидат виновни Грците, туку Македонците.
Овие извештаи имаат за цел да разгласат дека во Македонија назадува демократијата, нема правен систем, се гуши слободата, во ситуација кога таа истата Македонија за која пишува Фридом хаус, пет пати по ред добива позитивен извештај од Европската Комисија во кој се констатираат напредоци во сите сфери.
При ваквата реализација на оваа оперативна стратегија на Грција, во која безпоговорна помош добиваат за жал и од домашни и внатрешни субјекти, се забележувааат неколку сличности кои отсликуваат дека се работи за шема.
Речиси секогаш вакви извештаи во кои се критизира жестоко состојбата во Македонија со наведување на уназадувања, враќања назад, немање демократија, недоволна посветеност се јавуваат пред значајни настани на кои треба да се одлучува за напредокот на нашата земја во европските или пак евроталантските интеграции.
Исто така, Фридом Хаус добива средства од фондацијата Сорос. Со малку гуглање веднаш се забележува дека меѓу финансиерите на оваа организација е и унгарскиот тајкун. Односот на Сорос пак кон Македонија, и уште повеќе кон Грција е добро познат. Односот на клонот на Сорос во Македонија кон Владата е уште повеќе попознат. Двојна корист за критизерите, добива македонската опозиција и добива Грција, целта е да губи ВМРО-ДПМНЕ и Република Македонија.
Дури и на официјалниот сајт на Фридом Хаус е објавено дека основните средства за програмите доаѓаат во форма на грантови од приватни фондации, меѓу кои и Фондацијата Отворено Општество на Џорџ Сорос.
-Фридом Хаус моментално има 10 канцеларии и спроведува програми во повеќе од 20 земји во сите региони во светот. Основните средства за програмите на Фрудом хаус доаѓаат во фрома на грантови од УСАИД и од американскиот Стејт департмент, како и од останатите демократски влади: Велика Британија, Ирска, Шведска и Холандија и од приватни фондации вклучувајќи ги Џон Д. И Кетрин Т. МакАртур фондација, Фондација отворено општество како и Националниот фонд за демократија, објавено е на сајтот на организацијата.
Фридом хаус е веќе прочитана организација, не само од Македонците, туку и од светската јавност, и доколку само малку се просурфа по интернет веднаш ќе се забележат силни критики и оспорувања на нивните наводи од разни светски страни и од Америка, и од Русија и од Франција и од Јужна Америка.
Никој не знае по која методологија се изработуваат овие извештаи. И самите организации велат на своите официјални страници дека методологијата е тајна. Не се знае кој опсервира, кој информира, кој толкува, колкав примерок се зема, колку мислења се слушаат, колку извештаи се земаат во предвид, која е релевантноста и по кој модел се избираат известителите, сеопфатен ли е обемот и слично.
Веќе неколку години по ред се спроведува оваа операција со која удира по Македонија
Инсталации блиски до СДСМ испраќаат негативни информации
-Колку е СДСМ непринципиелна кон ова прашање говори и фактот дека луѓе и инсталации блиски на СДСМ и фондацијата СОРОС на Владе Милчин се тие кои што од Македонија ги испраќаат негативните информации, извештаи и формулари и од нивни лични и политички причини креираат негативна перцепција и го нарушуваат имиџот на Македонија, стоеше во едно од соопштенијата од ВМРО-ДПМНЕ како реакција на извештајот на Фридом Хаус.
При извештајот пред две години, кој беше исто критички настроен како и сегашниот, Сител пренесе дека токму најблиските новинари на СДСМ и СОРОС биле главните информатори на Фридом Хаус при подготовката на извештајот за слободата на медиумите во земјава. Според извори на Сител, организацијата ја брифирале Ацо Кабранов и Борјан Јовановски. Информации давала и уредничката на Фокус, кој исто така е под директна контрола на СДСМ и СОРОС, како и други инсталации блиски до СДСМ
Останува нејасно, врз основа на кои согледувања, овие луѓе ја брифирале меѓународната организација, со оглед на тоа дека за дел од нив, новинарството се сведува на објавување колумни со претходно нарачана содржина на интернет порталите и весниците под директна контрола на СДСМ и СОРОС или пак секојдневна антивладина активност на социјалните мрежи.